Поранешниот украински кошаркар Станислав Медведенко одлучи да ги продаде своите два шампионски прстена, кои ги освои во НБА лигата како член на Лос Анџелес лејкерс во 2001 и 2002 година, а целиот износ од продажбата ќе биде наменет за помош на неговата родна земја која од февруари е цел на воени напади на Русија.

Целта на фондацијата на Медведенко е поддршка на украинските деца преку обнова на спортската инфраструктура во училиштата во земјата.

– Сакаме да ги обновиме салите и вежбалните, бидејќи руската војска бомбардираше повеќе од 100 училишта. На нашата земја и се потребни многу пари за обнова на училиштата, а спортските сали ќе бидат последни во редот за обнова. Децата во Украина во зима мораат да играат во затворено, изјави Медведенко.

Аукцијата за двата шампионски прстена ќе се одржи од 27 јули до 5 август, а се проценува дека ќе достигнат цена од најмалку 100.000 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2022 12:03