Ракометниот клуб Голден Арт, кој оваа сезона одново ќе игра во лига со најквалитетните ракометни колективи во државата ја зголеми конкуренцијата на двете позиции на левата страна од тимот со двајца млади играчи.

Левото крило Славе Јанковски и левиот бек Тони Јакиќ во следните две години ќе бидат дел од тимот кој го води Никола Матлиeски.

Струмчанецот Јанковски, кој игра на позиција лево крило, претходно во својата кариера настапуваше за Зомимак во својот роден град, од каде премина во Вардар Јуниор, за повторно да се врати во Струмица, овој пат во Астарион Хандбал, а во Голден Арт дојде од суперлигашот Струга.

Тони Јакиќ игра на позиција лев бек. Роден е во Метковиќ, Република Хрватска, пред 22 години, првите чекори на ракометниот терен ги направил во родниот град во ракометната школа на РК Метковиќ, за подоцна да премине во РК Металац, а минатата сезона го носеше дресот на РК Дубровник.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2022 15:52