Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на Европското првенство во Измир, откако попладнево загуби во второто коло од фаворитот Франција со високи со 104-47.
Победата на Французите во ниту еден момент не беше доведена во прашање и веќе на полувреме фаворитот имаше предност од убедливи 64-21, која во третата и четвртата четвртина само дополнително ја зголемија.
Најефикасен во македонските редови беше Петар Башоски со 12 поени.
Шансата за премиерната победа на Европското првенство во А дивизијата во Измир, македонската репрезентација ќе ја има утре во дуелот од третото коло против Велика Британија.