Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Ненад Димитријевиќ, нема да биде дел од Евролигата следната сезона, ниту ќе игра во некое друго европско натпреварува, но затоа ќе го наполни паричникот за едногодишната позајмица во Русија.

Нено наредната сезона наместо во дресот Валенсија ќе игра за Уникс Казан и тоа само во ВТБ-лигата поради суспензијата на руските екипи од европските натпреварување поради инвазијата врз Украина, за што ќе инкасира дури 500.000 евра односно 1.700 дневно за време на десетмесечниот престој во Русија.

Димитријевиќ лани потпиша четиригодишен договор со Валенсија, но летово дојде нов тренерот во овој клуб, Алекс Мумбру, кој не баше одушевен од македонскиот плејмејкер и не планираше да му даде некоја посебна минутажа во следниот период.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2022 03:15