Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација денеска против Грција ја почнува битката за опстанок во елитната дивизија, откако избраниците на селекторот Тони Симиќ со четири порази го завршија настапот во групната фаза на Европското првенство А дивизија во турскиот град Измир.
Македонските кошаркари синоќа претрпеа висок пораз од силната Шпанија со 73-45 (19-14, 18-7, 21-13, 15-11) и ќе разигруваат за пласман од 9. до 16. место.
Во првите три кола македонските кошаркари загубија од Израел (79-70), Франција (104-47) и од Велика Британија (71-69).
Дуелот против Грција е на програмата со почеток во 17:15 часот.