Кошаркарскиот клуб ЦСКА од Москва поднесе тужба против Евролигата поради исфрлањето на рускиот клуб од претстојната сезона во елитното клупско натпреварување, објави грчка „Газета“.

Московска ЦСКА е една од 11. екипи со загарантиран договор во Евролигата, меѓутоа по руската инвазија врз Украина, руските клубови се исфрлени од натпреварувањето.

Раководството на московскиот клуб во март најави дека ќе поднесе тужба, а сега повлече и конкретен потег.

– Секако дека не загрижува тоа што нема да учествуваме во Евролигата, но нема да плачеме. Идната година ја гледам како можност за младите играчи, изјави претседателот на клубот Андреј Ватутин минатиот месец за руската агенција РИА Новости.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2022 14:58