Во Стар Дојран вечер почнува второто издание на Дојран Рок Фест што го организира здружението Андерфест.
Фестивалот ќе се одржи кај базенот на Хотел Романтик во Стар Дојран, а ќе стартува вечер со настап на групата АРЕА која оваа година прославува 30 годишен јубилеј.
Тие ќе ги отсвират нивните вонвременски хитови, а воедно ќе го презентираат и својот нов материјал. Како загревање и предгрупи ќе бидат Јовче Пандев со неговиот бенд, како и Sound Impulse, соопштија организаторите на фестивалот.
Картите се пуштени во претпродажба по цена од 150 денари во Bellissimo Coffee House Гевгелија, Cafe Room 7 во Струмица, Dojran Hotel Romantique Plaza, Romantique Plaza Pool & Bar. На врата билетот ќе чини 200 денари. Покровители на настанот се Министерството за култура, Општина Дојран, Дојран Стил, Абсолут и Бифитер.