Најдобриот грчки кошаркар Јанис Адетокумпо оцени дека неговата репрезентација сè уште не е подготвена за освојување медали или титулата на претстојното Европско првенство од 1 до 18 септември.
– Судејќи според последниот тренинг, ние сè уште не сме подготвени за медали, но имаме свои шанси. Не е важно што другите очекуваат од нас, важно е што ние очекуваме од нас самите, изјави Адетокумпо.
– Грција одамна нема играно ниту четвртфинале, така што мислам дека не сме многу подготвени ниту за титули, ниту за медали. Мораме прво да изградиме хемија и добра атмосферата во тимот така што сите ќе го дадеме својот максимум. Тренерот Итудис врши одлична работа и нè мотивира да бидеме најдобри што можеме, додаде грчкиот центар