Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди опстанок во А дивизијата, откако попладнево во завршниот натпревар на Европското првенство во Измир загуби од Хрватска со 72-59 (35-26).

Откако избраниците на селекторот Тони Симиќ ја завршија групната фаза без победа, а загубија и во првиот натпревар од разигрувањето од Грција, уследи вчерашната победа над Црна Гора и можност со триумф над Хрватска да го освојат 13. место и да обезбедат опстанок во А дивизијата.

Македонските кошаркари добро го започнаа натпреварот и поведоа со 19-5 по првата четвртина, но уследи лошо издание на „црвено – жолтите“ во вториот период, кој Хрватска го реши во своја корист со 20-7.

Македонските кошаркари се приближија на минус шест негатива во последниот период (59-53), но Хрватска врати со нова серија од 6-0 и со победата обезбеди опстанок во А дивизијата, а Македонија заврши на 14. место.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2022 02:48