Во киното „Милениум“ вечер премиерно ќе биде прикажана македонската телевизиска серија „Генерација бушави“.

Серијата обработува повеќе теми и има шест епизоди од кои првите четири се самостојни приказни кои се поврзуваат во петтата и шестата епизода.

-Ние сме група млади креативци кои во скоро време основаа филмска продукција. Веќе четири години работиме на проект, ТВ-серијал наречен „Генерација бушави“, кој обработува повеќе теми, а неколку од нив се бурниот живот на младите во кој пристапот до наркотици е лесен, злоупотребата на моќ и секојдневието на еден тинејџер, велат од Тимот на Марви.

Проектот е финансиски поддржан од Комисијата на Европската Унија (EU WITH YOU), а на вечерашната премиера ќе бидат прикажани првите две епизоди.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2022 09:02