Културно уметничко друштво „Брвеница“ од тетовска Брвеница настапи на три културно уметнички манифестации во рамки на неколкудневната турнеја во Република Србија во повеќе населени места при Општина Рашка, меѓу кои и истоименото село Брвеница.

Играорците од друштвото настапија на манифестацијата „Голијски средби“ во Градачка бања, потоа на манифестацијата „Брвеница игра и пее“ во село Брвеница, Општина Рашка и „Јошанички Сабор“ во Јошаничка Бања.

-Покрај културно уметничките настапи нашето друштво со КУД „Бреница“ од Рашка имаа заедничко дружење и посета на неколку места и знаменитости во регионот, информира Јован Ѓорѓиоски, претседател на КУД „Брвеница“.

Друштво доби признанија за успесно реализираните настапи.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2022 09:28