Теодор Симиќ од денеска е дел до сениорската национална селекција. По настапите на јуниорскиот Евробаскет во Турција, најмладиот репрезентативец му се стави на располагање на новиот селектор Александар Јончевски на подготовките кои пред неколку дена стартуваа во Маврово, соопшти кошаркарската федерација.
Од Симиќ се очекува да ја зајакне центарската линија во нашата сениорска селекција која го одработува четвртиот ден од подготовките за она што следува во наредниот период.
Македонските кошаркари во двата натпревара од вторито круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025 година ќе се соочат со Данска на 25 август во Нествед и со Словачка три дена подоцна во Скопје.
Во Маврово од вчера веќе е и Андреј Јакимовски, па селекторот Јончевски ќе го очекува само уште доаѓањето на Ненад Димитријевиќ, кој побара и доби одреден временски простор во кој треба да „се пресели“ од Валенсија во Казан, каде, како играч на Уникс ќе настапува во наредната натпреварувачка сезона.
Репрезентацијата во Мавтрово ќе биде до крајот на оваа седмица. Веќе во понеделник следува патување до Бар, каде ден подоцна, на 16 август е предвидена првата и единствена контролна средба во вој подготвителен период, против селекцијата на Црна Гора.