Македонската кошаркарска репрезентација која вчеравечер ја победи Црна Гора со 69:62, денес ќе го одигра натпреварот од второто коло во Д-групата на Европскиот шампионат А-дивизија. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Грција.

Натпреварот ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток во 18:45 часот.

Грчкиот состав на овој меч ќе влезе како фаворит. Грците синоќа со убедливи 75:47 ја победија Шпанија и покажаа дека се едни од главните претенденти за медал.

Резултати на другите натпревари на првиот ден на Евробаскет У-16 што се одржува во Скопје:

Израел – Холандија 81:55 Летонија – Полска 54:87 Италија – Турција 77:51 Литванија – Франција 73:41 Словенија – Данска 60:42 Србија – Хрватска 77:86.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2022 09:32