Со проекции на германскиот филм „Фабијан“ и чилеанскиот „Ема“ во Кинотека, утре продолжува августовската програма.

„Фабијан“ во режија на Доминик Граф беше претходно прикажан, на 8 август, а „Ема“ исто така се прикажуваше на 8 август, но ќе биде репризирана и на 30 август.

На програмата до крајот на месецов се и „Планина на смртта“, „Јалда, ноќ за прошка“, „Кадифена кралица“, „Светот после нас“, „Се помина добро“, „Ноќ на кралевите“, „Ѕвезден човек“, „Голема слобода“, „Деца“, „Титан“, „Пот“ и „Мајка“.

На 31 август програмата завршува со Фестивал на нем и класичен филм во чии рамки ќе биде прикажан црно-белиот култен „Носферату, симфонија на стртавот“ од режисерот Фридрих Вилхелм Мурнау.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2022 10:59