Претседателот на Партизан, Остоја Михајловиќ очекува зголемено внимание на тимот во првата сезона во Евролигата по 2014 година.

– Мислам дека сме единствената кошаркарска екипа во светот која е дел од спортски клуб и има поголема публика од фудбалскиот тим. Сакам да достигнеме рекордна посетеност оваа сезона. Нашата цел е да продадеме над 10.000 сезонски билети. Верувам дека ќе успееме да го направиме ова и да го надминеме рекордот во Евролигата, изјави Михајловиќ.

Партизан доби шанса да игра во елитната Евролига, откако руските екипи добија забрана за настап поради актуелната ситуација со Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2022 02:33