Македонската кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Шпанија со 86:59 во 3. коло од Д-групата на Европското првенство кое се игра во Скопје.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кое Шпанците го добија со 48:22.

За македонскиот национален тим ова беше втор пораз во третиот настап доволно за третото место во групата, Шпанија со биланс две победи и еден пораз се на втората позиција.

Во осминафиналето, македонската репрезентација ќе се соочи со Турција. Победа во тој натпревар, значи и најмалку осмо место на шампионатот, пораз значи битки за опстанок во друштвото на најдобрите кадетски селекции во Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2022 03:26