Во рамки на битолското културно лето „БитФест“ вечер во Офицерски дом во Битола ќе биде емитувана музичка и видео разгледница на градот Бат Јам од Израел.
Концертот и придружните содржини насловени „Бат Јам – ќерката на морето“ се закажани за 21 часот.
Од Општина Битола во пресрет на настанот информираат дека Бат Јам е град на медитеранскиот брег, место каде негови жители се битолски и македонски еврејски семејства кои таму се преселиле во 50-тите и 60-тите години на минатиот век, а едно од нив е семејството на д-р Хаим Абраванел. Познат жител на Бат Јам е и уметникот Мати Грунберг кој на Битола и подари сончев часовник.
Израелскиот град Бат Јам и Битола негуваат блиски врски и пријателства.