Американската професионална кошаркарска НБА лига објави денеска дека 8 ноември ќе биде ден без натпревари, бидејќи истиот ден во САД ќе се одржат парламентарни избори.

Исто така, за време на натпреварите закажани ден претходно, на 7 ноември, НБА ќе го зголеми ангажманот на промоција на улогата на сите екипи во воспоставување тесна соработка со локалните заедници.

Годинешните парламентарни избори во САД ќе се одржат точно на половина од претседателскиот мандат на Џо Бајден, а ќе бидат избрани сите 435 членови на Претставничкиот дом, како и 35 од вкупно 100 членови на Сенатот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2022 05:48