Во куќата „Уранија“ во Охрид вечерва ќе биде промовиран Зборникот на научни трудови „Предизвици во хирургијата на урогениталниот систем, трансплантација и медицината“ посветен на Живко М. Попов.
Промоцијата се одржува по повод 70 години од неговото раѓање, а е дел од манифестацијата „Научна и уметничка визита 2022“ на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).