Дариа Д’ Антонио, една од водечките италијански и европски кинематограферки, одржа и мастер клас на ИФФК „Браќа Манаки“.

Дариа Д’Антонио во Битола е репрезент на филмот „Божјата рака“, кој досега освои десетици награди на филмските фестивали ширум светот, а вечерва ќе биде емитуван и на филмското платно во битолскиот Центар за култура.

– Филмот „Божјата рака“ го прикажува градот Неапол и мојата страст кон филмот. Сите овие изминати години имав прилика да работам со луѓе што ги сакам, и мислам дека тоа е спас за мене како кинематограферка, бидејќи е голема привилегија да се работи она што се сака, рече Д’Антонио и потсети на нејзината младост и моментот кога ја открила фотографијата, кога ја развила првата слика во темна комора, а потоа го открила и филмот како израз, но и како шанса да комуницира на поинаков начин.

На местер клас во Битола, таа посочи дека во снимањето филмови многу е важно да се почитува приказната што треба да се раскаже, а тоа се постигнува со многу скромност.

– Важно е да го заборавиме она што го знаеме за да можеме ја претставиме приказната на нов начин. Скромноста може само да ни помогне. Ова е втората привилегија, бидејќи работата на филм ме направи тоа што сум, вели Дариа Д’Антонио, свесна дека е една од малкуте жени кинемнатограферки во Италија.

Кинематограферката Дариа Д’Антонио, специјална гостинка на ИФФК „Браќа Манаки“ истакна дека омилени автори и се Лукино Висконти, Виторио Де Сика, Пјер Паоло Пазолини, како и американскиот режисер Теренс Малик.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2022 02:25