Во Паркот на поезијата во Струга, в четврток ќе се одржи 17. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост”.
Годинава, како што соопшти организаторот, центарот за култура „Браќа Миладиновци” ќе настапат околу 200 учесници, кои преку песни и игри, ќе ги претстават фолклорните традициии и културните особености на своите земји.
– Традиционално, манифестацијата ќе почне со свечено дефиле на учесниците низ градот, а на годинашното 17-то издание на фестивалот ќе учествуваат осум фолклорни ансамбли и друштва од Македонија и од земјите на Балканот, информира организаторот.
На годинашната манифестација најавено е учество на културно уметничките друштва „Илинден” од Струга, „Дримкол” од Вевчани, „Илинден” од Демир Хисар, „Бранко Радичевиќ” од Стара Пазова, Србија, „Мислешево” од струшко Мислешево, „Бисер” од Кичево и фолклорните ансамбли „Филиграни” од Охрид и „Иван Горан Ковачиќ” од Хрватска.
Фестивалот „Фолклорен” мост” е со поддршка од Министерството за култура.