Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски донесе одлук на кои играчи ќе смета за дуелот со Данска на гости во Нествед.
Својата шанса за настап кај сениорите ќе ја почека Марко Миловановиќ, а поради ситна повреда за дуелот со Данска отпадна Бобан Стајиќ
Непосредно пред заминувањето за Данска, каде в четврток „црвено-жолтите“ ги чека првиот натпревар од вториот круг на претквалификациите за Евробаскетот 2025, Јончевски го дефинираше играчкиот ростер.
За Нествед ќе патуваат: Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Теодор Симиќ, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Јакимовски, Виктор Ефремовски и дебитантот Димитар Пандев.