Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дјурант, ќе остане во НБА лигашот и следната сезона, соопшти денеска американскиот клуб.

Дјурант пред неколку месеци побара од раководството да го напушти Бруклин ако сопственикот на клубот Џо Тсаи не ги смени тренерот Стив Неш и главниот менаџер Шон Маркс.

Тсаи го одби барањето на еден од најдобрите кошаркари на Бруклин, а Дјурант најави дека ќе ја промени клупската средина.

– Неш, Тсаи и јас вчера разговаравме со Дјурант и неговиот менаџер. Се договоривме да го продолжиме нашето партнерство. Фокусирани сме на кошарката со една цел – создавање трајно добра франшиза, која во Бруклин ќе ја донесе шампионската титула, се наведува во соопштението на Бруклин, потпишано од Шон Маркс.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2022 03:25