Во Тетово утре ќе започне 11-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал во Тетово – ТИФФ ОДА (TIFF ODA). Свечено отворање ќе има во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ со почеток во 19:30 часот по што ќе се прикаже првиот филм.

-Се потрудивме да донесеме богата програма. Имаше голема заинтересираност од филмските работници од целиот свет кои испратија над 3.000 филмови од 110 земји. Ние ќе прикажеме 51 филм во Тетово. Да напоменеме дека во категоријата Сине Балкан Панорама со долгометражни филмови ќе има многу премиери и одлични филмови кои биле дел од светски фестивали и наградени на тие во фестивали. На 26 август се отвора фестивалот со филмот „Вера го сонува морето“, филм на Калтрина Красниќи, копродукција Косово и Македонија, изјави Амир Абдула, дел од организацијата на фестивалот и член на жирито за краткометражни филмови.

Филмскиот фестивал ќе трае до 30 август. Влезот ќе биде слободен.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2022 14:35