Специјализираниот кошаркарски портал „Еурохупс“ објави листа на десет големи кошаркарски ѕвезди кои ќе го пропуштат Европското првенство 2022.

На оваа листа се наоѓаат: 1. Богдан Богдановиќ, Србија 2. Данило Галинари, Италија 3. Серхио Љуљ, Шпанија 4. Рики Рубио, Шпанија 5. Торнике Шенѓелија, Грузија 6. Никола Вучевиќ, Црна Гора 7. Мо Вагнер, Германија 8. Милош Теодосиќ, Србија 9. Виктор Вембењама, Франција 10. Паоло Банкеро, Италија.

Сè уште не се знае со сигурност дали домаќинот Чешка во својот тим ќе го има Томаш Саторански, кој минатата недела се повреди во квалификациите за Мундобаскет 2023.

Евробаскет 2022 ќе се игра од 1 до 18 септември во Чешка, Грузија, Италија и Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2022 14:10