Кошаркарот на Јута, Донован Мичел, е нов член на НБА лигашот Кливленд, јави ЕСПН, наведувајќи дека во размената која ја договориле двата клуба, Јута за Мичел ќе добие тројца кошаркари – Лаури Марканена, Очаи Агбаџи и Колин Секстон, како и три избори во првиот круг на драфтовите во 2025, 2027 и 2029 година.
Мичел, кој три пати беше избиран во Ол Стар тимот, е еден од најдобрите стрелци во НБА со просек од 23.9 поени по натпревар во изминатите пет сезони.
Минатата сезона неговиот просек беше 25.9 поени и 5.3 асистенции на 67 натпревари.