Хрватскиот кошаркарски тренер Александар Петровиќ по завршувањето на првото коло на Евробаскетот ги издвои Словенија, Србија и домаќинот Германија како фаворити за златниот медал.

– Според мое мислење постојат три фаворити, кои би требало да одат до самиот крај. Тоа се Словенија, Србија и Германија. Не по тој редослед, но секоја од нив може да стане европски првак, изјави Петровиќ.

Словенија во првото коло ја совлада Литванија (92-85), Србија беше поуспешна од Холандија (100-76), додека Германија го отвори Евробаскетот со победа над Франција (76-63).

– Словенците ги имаат Дончиќ и Драгиќ, За Србија не треба да се трошат зборови, додека Германија изгледа прекрасно, додаде Петровиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2022 04:00