Во театарот во Куманово синоќа премиерно беше изведена претставата „Ковачи“ по текст на познатиот бугарски писател Алек Попов во режија на Деан Дамјановски.

Алек Попов е сценарист во неколку од сезоните на популарната ТВ серија „Преспав“ Претставата се подготвуваше претходниве два месеци и е дел од годишната програма на установата.

Костимограф на претставата беше Елена Вангеловска, сценограф Филип Јовановски, помошник сценограф Крсто Богојевски, а во актерската екипа беа Антонио Димитриевски, Горан Илиќ, Кети Дончевска Илиќ, Нина Максимова, Давид Илиќ, Жарко Јовановиќ и Марко Трајковиќ.

– Дејството се случува во Германија, во едно мало гратче и наводно според авторот е прогласен за најсреќен град во Германија. Тоа не е точно, тоа е фикција. Оттука има еден заплен кој не би го откривал и кој влијае на жителите на тоа мало гратче и го превртува тој еден среќен и идиличен живот наопаку. Она што е интересно е судирот на две култури, западната кон која се стремиме и од друга страна нашиот балкански менталитет, вели режисерот Дамјановски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2022 10:37