Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Христо Петрески ќе учествува на 17.Меѓународен книжевен фестивал, што ќе се одржува од денеска до 7 септември во Нови Сад.

Петрески ќе настапи како поет, а ќе земе учество и на симпозиумот Книжевноста и насилството на тема „Зборот и ништото“ заедно со писатели од Шпанија, Англија, Луксембург, Германија, Црна Гора и Србија.

Христо Петрески, како претседател на ДПМ, ќе учествува и на свеченостите на 7 и 8 септември – по повод независноста на Северна Македонија, што ќе се одржат во Нови Сад и во Белград.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2022 08:10