Во Музејот на македонската борба денеска напладне на свечен настан ќе биде отворена изложбата „Мисионерка на милосрдието – спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“ што ја подготви Државниот архив.

Преку изложбата, Државниот архив се вклучува во одбележување на 25-годишнината од смртта на Мајка Тереза и на јавноста првпат ќе и презентира архивска документација за животот на семејството Бојаџиу до 1934 година ѝ за нејзините посети на Скопје.

На настанот ќе бидат прикажани и видеозаписи за светицата Мајка Тереза. Изложбата е отворена за јавноста и ќе трае до 13 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2022 08:21