Потпретседателот на Турската кошаркарска федерација, Омер Онан, по завршувањето на натпреварот со Грузија (83:88) на ЕП 2022, изјави дека тимот ќе го напушти турнирот доколку не се обезбедат потребните видеа од инцидентот.

Во четвртата четвртина од натпреварот дојде до тепачка помеѓу играчите Коркмаз и Санадзе, по што и двајцата беа отстранети од теренот. По натпреварот, турската репрезентација извести дека нивниот репрезентативец бил нападнат во ходникот на соблекувалната на „Тбилиси Арена“.

– Јас контактирам со ФИБА и исто така ги информирав официјалните лица за ова. Никој да не се залажува и да не мисли дека сме глупи. Ги бараме сите снимки од видео надзор од овој ходник до минута. Доколку не ни бидат доставени, ќе го напуштиме турнирот, го цитира Онан „Еурохопс“.

Турската репрезентација го претрпе првиот пораз на турнирот. Тимот е на третото место во групата со 5 бода по три натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2022 09:41