Уметници од Канада, Србија, Албанија и Македонија од 3 до 6 септември творат во рамките на петтото издание на Меѓународната ликовна колонија „Трпејца 2022“.

Целта на колонијата, според органзиаторот, здружението „За Трпејца со љубов“ , е да се продолжи туристичката сезона, но и преку уметноста светот да дознае за Трпејца и Охрид.

Инспирирани од убавините на охридското село Трпејца, уметниците сликаат во дворот и околината на подрачното основно училиште „Свети Наум Охридски“.

– Колонијата е интерактивна, ументиците комуницираат со учениците и им ги отркиваат тајните на сликарството, информира Здружението.

Делата што произлегуваат од Меѓународната ликовна колонија, традиционално се прикажуваат на изложба во рамките на манифестацијата „На зајди сонце“, а годинава по повод пет годишниот јубилеј ќе бидат организирани изложби во Охрид и во Поградец.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2022 11:30