Охридската библиотека „Григор Прличев“ од денес го враќа старото, стандардно време за работа со читатели.

Пултот за зајмување книги, како што соопшти Библиотеката, од понеделник до петок ќе работи од 8 часот и 30 минути до 18 часот и 30 минути.

– Библиотеката е од отворен тип и читателите слободно ќе можат да влезат да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите, информираат од Библиотеката.

Читалната во одделот за издавање, според информацијата, ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 часот и 30 минути до 17 часот, а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката.

Прличевата одаја во слободни термини, кога нема активности на Библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија, невладиниот сектор и други институции.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2022 12:03