Организаторот на Евробаскет 2022 официјално објави дека го истражува инцидент во кој беа вмешани играчи и членови на репрезентации за време на неделниот натпревар меѓу Турција и Грузија (83:88 по две продолженија).
Кошаркарот на турската репрезентација Фуркан Коркмаз тврди дека во просторијата под трибините го нападнале тројца играчи на грузиската репрезентација и двајца редари.
Според медиумите, станува збор за Торнике Шенгелија, Гога Битаџе и Дуда Санадзе.
Селекторот на турскиот тим, Ергин Атаман, побара ФИБА да ја обезбеди безбедноста на неговите играчи.
Потпретседателот на Турската кошаркарска федерација и поранешен играч Омер Онан побара санкции против репрезентацијата на Грузија.
Грузиската кошаркарска федерација, пак, побара ФИБА да одговори на „провокативните акции“ на селекторот на турската репрезентација.