Ѕвездата на грчката кошарка и на Евробаскет 2022, Јанис Адетокунбо е среќен поради настапите во репрезентативниот дрес по пауза од три години.
Адетокунбо вчера против Украина постигна 41 поен и девет скока во триумфот со 99:79.
– Се трудам да не ги оценувам моите настапи. Само се трудам да се забавувам што повеќе од играта. Секој натпревар е различен. Секогаш кога ќе излезам на паркетот, ова е ново искуство за мене, кое ми останува во сеќавање. Но, признавам дека оваа година сум многу среќен што сум заедно со моите соиграчи од репрезентацијата. Не знам што точно е причината. Можеби затоа што не сме игр ле од 2019 година. Можеби се работи за тренерот Итудис и како тој ме мотивира. Но, мило ми е за секоја можност да одам на паркетот со моите соиграчи, изјави Јанис.
Грција е лидер во Ц-групата со максимални четири победи и обезбеден пласман во осминафиналето на Европското првенство 2022.