Репрезентацијата на Франција денес во осминафиналето на Евробаскет 2022 ја победи Турција по продолженија со резултат 87:86.

Францускиот репрезентативен центар Руди Гобер го израмни резултатот на крајот од основните 40 минути и го однесе мечот во продолжение. Триесетгодишниот кошаркар постигна дабл-дабл – 20 поени и 17 скока, а стана и најпродуктивниот играч во француската репрезентација.

Во поразениот состав Буграхан Тунчер беше најдобар со 22 поени.

Во четвртфиналето на Европското првенство, селекцијата на Франција ќе се сретне со победникот во натпреварот помеѓу селекциите на Италија и Србија. Овој меч ќе се одигра утре.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2022 04:07