Со четири пресметки денеска на Европското кошаркарско првенство во Германија ќе се комплетира осминафиналната фаза.

Програмата ќе ја отворат Украина и Полска (12 часот), по што следуваат дуелите Хрватска – Финска (14:45), Србија – Италија (18) и Грција – Чешка (20:45).

Пласман во четвртфиналето вчера обезбедија Шпанија, Франција, Словенија и домаќинот Германија.

Шпанија по продолженија беше поуспешна од Литванија (102-94), а по продолженија и Франција ја совлада Турција (87-86).

Актуелниот европски првак Словенија триумфираше над Белгија(88-72), додека Германија ја совлада Црна Гора (85-79).

Сите натпревари во нокаут фазата се играат во Берлин.

Четвртфиналните дуели се на програмата на 13 и 14 септември, полуфиналињата на 16 септември, додека натпреварот за третото место и финалето ќе се играатр на 18 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2022 11:19