Кошаркарите на Полска обезбедија пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на Европското првенство во Германија, откако попладнево во осминафиналето ја совладаа Украина со 94-86.

Противник на Полска во четвртфиналето ќе биде актуелниот европски првак Словенија, која вчера ја совлада Белгија со 88-72.

Попладнево на програмата се преостанатите три осминафинални натпревари меѓу Хрватска – Финска, Србија – Италија и Грција – Чешка.

Четвртфиналните дуели се на програмата на 13 и 14 септември, полуфиналињата на 16 септември, додека натпреварот за третото место и финалето ќе се играат на 18 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2022 02:55