Во просториите на КФСМ денеска се одржа првиот подготвителен состанок за новата сезона 2022/2023, која почнува на 8 октомври со комплетното прво коло.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе ја почне одбраната на титулата на гостинбски терен против освојувачот на Купот, ТФТ Скопје.

Во преостанатите дуели од воведното коло ќе играат Куманово – Чаир, Академија ФМП – Кожув, Гостивар – Пелистер, Струмица – Еуро Никел и Работнички – Феникс 2010.

На состанокот за нов претседател на Здружението на прволигашите е избран претставникот на КК Гостивар, Стојмир Дејаноски.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2022 16:30