Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ ја презема одговорноста за елиминацијата на неговата репрезентација во четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство.

Словенија синоќа во Берлин загуби од Полска со 90:87, а ѕвездата на Далас, не го доигра натпреварот поради петта лична грешка на пет минути пред крајот. Претходно Дончиќ доби техничка грешка поради протест кон судиите.

– Можеби не бев 100% подготвен, ми дадоа инекција, но тоа не е поентата. Играв ужасно. Го изневерив мојот тим. Ја разочарав целата земја што не поддржуваше. Тоа е моја грешка. Ќе го анализирам овој натпревар и ќе бидам подобар, изјави Дончиќ од „Еурохупс“.

Дончиќ кој средбата ја заврши со 14 поени, во текот на натпреварот, во повеќе наврати упатуваше пцовки кон судиите .

Словенија не успеа да го одбрани шампионскиот трофеј освоен во 2017 година.

Во полуфиналето, Полска ќе игра со Франција.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2022 09:30