Двете полуфинални пресметки се на програмата денеска на Евробаскетот 2022, а првиот финалист ќе го даде победникот на дуелот меѓу репрезентациите на Полска и Франција од 17:15 часот.
Полска до битката за пласман во полуфиналето дојде со сензационален триумф над актуелниот европски првак Словенија (90-87), додека Франција со многу среќа по продолжение ја совлада Италија (93-85).
Во второто полуфинале кое е закажано за 20:30 часот ќе играат домаќинот на Европското првенство, Германија, и Шпанија.
Германија во четвртфиналето беше поуспешна од Грција (107-96), додека Шпанија ја совлада Финска (100-90).
Евробаскетот завршува в недела кога на програмата се натпреварот за третото место (17:15часот) и финалето во 20:30 часот.