Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ од денеска е домаќин на квалификацискиот турнир за пласман во ФИБА Лигата на шампиони.

По ланскиот настап во квалификациите за ФИБА Еврокупот, „црно-белите“ ќе се обидат на домашен терен да стигнат до најголемиот европски успех во кратката историја на постоењето и да обезбедат место во групната фаза на најквалитетното натпреварување кое го организира Светската кошаркарска организација.

Од денеска до недела, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ шест екипи ќе се борат за едно од четирите места кои водат во регуларниот дел на ФИБА Лигата на шампионите за сезоната 2022/2023.

Противник на македонскиот освојувач на националниот куп вечерва со почеток од 21 часот е Кемницер Најнерс од Германија.

Паралелно со турнирот во Скопје во истиот термин на програмата се и квалификации во Белград, Малага и Лисабон.

Согласно со системот за натпреварување, победниците на четирите турнири ќе обезбедат пласман во една од шесте групи од регуларниот дел од сезоната во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2022 10:57