Актуелниот НБА вицешампион Бостон го суспендираше својот прв тренер Име Удока (45) за целата претстојна сезона 2022/23 поради „кршење на клупската политика“.

Удока имаше „непристоен интимен однос“ со вработена во клубот што се коси со клупскиот кодекс на однесување, иако односот бил обострано доброволен.

Во клупското соопштение лиферувано синоќа се посочува дека одлуката за иднината на Удоку во редовите на Бостон по завршување на следната сезона ќе биде дополнително донесена.

–Им се извинувам на играчите, навивачите и на целата организација на Бостон, како и на моето семејство затоа што ги изневерив. Жалам што екипата ја доведов во толку тешка ситуација и ја прифаќам одлуката на клубот, изјави Удока.

Улогата на прв тренер во новата сезона на клупата на Бостон ќе ја извршува досегашниот помошник на Удока, Џое Мацуља.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2022 10:02