По состанокот помеѓу претставниците на Здружението на клубови од Првата лига-мажи, комесарот за натпреварување и раководството на КФСМ, утврдени се системот, календарот и распоредот за натпреварување во натпреварувачка сезона 2022/2023 година.

Системот за натпреварување во Првата лига-мажи, претрпи измени поради се уште актуелната пандемија со „Ковид-19“, се поизвесната енергетска криза и намалување на трошоците на екипите.

Нема да се игра Суперлига, што значи 10 кола помалку, ќе се игра само викенди, а не и низ недела. По предвидените 22 кола, осумте најдобропласирани екипи одат директно во плејофот, а останатите четири во плејаут.

Одлучено е преодниот рок за сезоната 2022/2023 завршува заклучно со 1 март 2023 година.

За нов претседател на здружението на клубовите од Првата лига-мажи избран е претставникот на КК „Гостивар 2015“, Стојмир Дејаноски.

Дополнително е официјализиран и Прирачникот „Стоп за насилство и недостојно однесување на кошаркарските натпревари“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2022 11:47