Репрезентациите на Соединетите Американски Држави и на Канада ќе играа во полуфиналето на Светското кошаркарско првенство за жени.
Американките во првиот четвртфинален меч ја совладаа Србија со убедливи 88:55.
Во второто денешно четвртфинале во Сиднеј, Канда го победи Порторико со 79:60.
Од 10 часот играат Кина и Франција, а во 12:30 часот Белгија ќе се сретне со домаќинот на првенството, Австралија.