Новата сезона во регионалната АБА лига почнува денеска со натпреварите од воведното коло во кое актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром по подолга пауза се враќа во натпреварување со гостување кај бранителот на титулата Црвена ѕвезда.
Пред стартот на новата сезона МЗТ Скопје ги засили своите редови со неколку нови имиња и влегува во АБА лигата со амбиција да избори опстанок.
Регионалното натпреварување вечерва ќе го отворат Задар и Студентски центар Дерби, додека преостанатите шест натпревари од првото коло ќе се одиграат од сабота до понеделник.
МЗТ Скопје и гостува на Црвена ѕвезда утре од 20 часот во салата „Александар Николиќ“, а другите двојки се: Игокеа – Морнар, Цибона – Партизан, Будуќност – Сплит, Олимпија Цедевита – Борец и ФМП – Мега.