Кошаркарките на Австралија го освоија бронзениот медал на Светското првенство, совладувајќи ја денеска на домашен терен во Сиднеј репрезентацијата на Канада со убедливи 95-65 во натпревар за третото место.
Домашната репрезентација до триумфот ја предводеше Лорен Џексон со 30 поени и седум скокови.
За Австралија ова е вкупно шесто одличје на светските првенства, а четврта бронза.
Во колекцијата имаат и светска титула од 2006 година и сребрен медал од последното СП 2018 во Шпанија.