Крилниот центар Блејк Грифин во претстојната НБА сезона ќе го носи дресот на Бостон Селтик, кој со него потпиша едногодишен договор, јавија денеска американските медиуми.

Според истите извори, 33-годишниот шесткратен Ол-стар играч би требало во редовите на ланскиот НБА финалист да ја засили конкуренцијата под кошевите, откако Бостон поради повреди остана без Данило Галинари и Роберт Вилијамс.

Грифин влегува во својата 13 сезона во НБА лигата, настапувајќи претходно за Лос Анџелес Клиперс, Детроит и Бруклин.

На 724 натпрeвaри има просек од 19.8 поени, 8.2 скокови и 4.1 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2022 10:28