Кошаркарот на Мајами хит, Тајлер Хиро, се согласи на повеќегодишно продолжување на договорот со клубот.

Според претставниците на Хиро, новиот договор е дизајниран за четири години, за време на кои кошаркарот ќе заработи 130 милиони долари.

Хиро беше избран од Мајами хит како 13-ти пик на драфтот во 2019 година.

Минатата сезона Хиро беше прогласен за најдобар шести играч во НБА-лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2022 09:57