Голден Стејт објави дека потпишал договор со поранешниот кошаркар на Оклахома, Тај Џером.

Дваесет и петгодишниот играч се приклучи на тренинг кампот на актуелните шампиони и ќе се бори за место во финалниот состав.

Џером неодамна се пресели од Оклахома во Хјустон поради трејд, но потоа трансферот беше откажан.

Минатата сезона Џером одигра 48 натпревари за Оклахома, со просек од 7,0 поени, 1,6 скока и 2,3 асистенции.

Вориорси се откажаа од центарот Тревион Вилијамс за да направат место во тимот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2022 02:35